Новогодишната
вечер е вечер
на љубов,
радост,
благосостојба,
вечер на
прослава,
вечер на
дружење и
споделување
радост, но и
вечер на
вистината,
онаква каква
ја
перцепираме
со сите наши
сетила, но
итаква каква
сме си ја
заработиле.
Сурова или
добра. Оваа
вечер кога се
соочуваме со
сето тоа што
сме го
направиле во
изминатата
година. Се
гордееме со
сите успеси...
Останува
горчина
тоа
што сме
сакале, а не
сме
направиле.
Магичната
ноќ кога се
соочуваме со
самите себе,
кога нашите
лаги не
удираат од
глава.
Најголемата
лага што
секој
декември си
ја кажуваме е
дека не ја
сакаме
Новата
година, дека
тоа за нас е
само обична
ноќ и дека
нема да
славиме
овојпат.
Иако
велиме оваа
година нема
да креваме
толкава
еуфорија,
упорно
никако не сме
имуни на
нејзиниот
раскош и
помпезност.
Велиме, оваа
година ќе
прославиме
поскромно,
без кафеани,
преполни
трпези, кич,
качување на
маси,
расфрлање по
шопинзи,
прескапи
патувања... но,
пак
банковното
конто ни се
истенчува.
Списокот на
желби се
изедначува
со списокот
на трошење,
желбите ни се
речиси сто
отсто
материјални,
со „добра“
цена. Па не
може да се
мине без
подароци,
китење, нова
облека како
за свадба, „трпеза
над трпезите“.
Тоа има
папочна
врска со
традицијата.
Трпезата е
богата, за
таква да биде
целата
година, се
смееме, пееме
и се веселиме
за такви да
бидеме низ
целата
година,
славиме за да
биде славје
целата
година. Нека
се заборави
лошото, за со
убаво и да се
започне
наредната. Но,
сето тоа има и
тесна врска
со потребата
за бегство, од
секојдневието
и од
проблемите.
Единствена
вечер кога се
чини дека за
ниеден закон
и суд не може
да ни забрани
да славиме.
Како никоја друга вечер во новогодишната ноќ се надеваме: дека ќе имаме подеднакво плодна и весела година како претходната или дека наредната ќе биде подобра. И на полноќ, извалканиот и преоптоварен ум се избиструва со една мисла, што е толку чиста што ги осветлува сите црнила... Во срцето сеизбиструва само една мисла зашто имаме само десет секунди за време на одбројувањето, да помислиме на најважната работа во нашиот живот, љубовта. Таа неизбежно се избиструва... Па добро, кој ли ни подметнува дека Нова година е фарса. Можеме да замижеме пред се но на една вистина никако да замижеме, дека не се може без Нова година каква што сме си ја навикнале, со славје, со дружба и со многу надеж. Како таква е едноставно, неодолива. Нека ни е среќна и бериќетна Новата година.
| Мала
историја... |
Новогодишни традиции | Нова Година во Њу Јорк |